Македонија
25. February 2017 - 7:58

Денеска дожд, снег и засилен ветер

Времето  во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови од земјава (15 л/мк2). Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец кој во текот на денот ќе го смени правецот во северен.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје слично време, облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.  Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 8 степени.

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од понеделник дневната температура на воздухот повторно ќе биде во пораст.