Македонија
14. September 2020 - 8:44

Денес времето сончево со умерена облачност

Времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно североисточен ветер. На југозападот ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.

Од утре повремено ќе се зголемува облачноста и благо ќе се намалува дневната температура. Во четврток и петок претежно попладне ќе има услови за краткотрајна локална нестабилност со пороен дожд и грмежи и умерен до засилен северен ветер.