Македонија
3. March 2021 - 8:26

Денес времето сончево и ветровито

Сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец ќе преовладува денеска во земјава. Утринските температури ќе се движат од -5 до 1 степен, а дневните од 12 до 18 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура -2 степена и дневна до 16 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува сончево и релативно топло време и во следните два дена, а веќе од петок ќе се зголемува облачноста. За време на викендот ќе биде променливо облачно со пад на дневните температури. Ќе има услови за повремен локален дожд, а на планините ќе има снег.