Македонија
15. January 2021 - 8:34

Денес времето сончево и студено со слаб ветер, викендов температури под нула

Во повеќе делови од земјава е формирана снежна покривка особено во западните, каде што снежните врнежи беа пообилни.

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска прогнозира сончево време со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во Скопје температурата утре ќе биде од  -4 до 3 степени.

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно суво и многу студено време, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег.