Македонија
8. јуни 2020 - 13:37

Денес во 16 часот министерот за здравство, Филипче ќе одржи прес-конференција

Денес во 16 часот ќе се одржи прес-конференција на која што ќе присуствуваат министерот за здравство, Филипче, претседателот на Комисијата за заразни болести, Караџовски и директорот на Центарот за јавно здравје - Скопје, Зибери.

На оваа прес-конференција ќе се разговара за мерките што следуваат и дали ќе се врати полицискиот час. Владата во 15 часот ќе одржи седница на која што ќе биде одлучено за понатамошните мерки во врска со вирусот Ковид-19.