Македонија
26. March 2018 - 9:45

Денес студено и дожд а од четврток нова промена

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ќе дува умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за слаб локален дожд и умерен југоисточен ветер и дневна температура од 8 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на планините од снег. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Потоа од среда следува период на стабилно и суво време, а од четврток со значителен пораст на дневната температура