Денес седници на три собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно – правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се измените и дополнувањата на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства, во второ читање, Предлог законот за развој, производство и промет на воени стоки, во прво читање, измените и дополнувањата на законот за странци, измените на Законот за полиција, на Законот за заштита од експлозивни материи, на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, на Законот за детективска дејност и на Законот за гранична контрола, сите во прво читање.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе одлучуваат за измените на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, на Законот за задолжница, на Законот за меница, на Законот за фондот за осигурување на депозити и на Законот за лизинг, сите во прво читање. На дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) и измените на Законот за финансиските друштва, во прво читање.
Членовите на Законодавно – правната комисија денеска треба да одржат три седници.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени