Македонија
11. November 2020 - 8:35

Денес седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се Годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2019 година и Предлог – закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.

Законодавно – правната комисија ќе расправа за закони што веќе поминале на матичната Комисија.