Македонија
23. јуни 2021 - 8:44

Денес седница на собраниската Законодавно-правна комисија

 Во Собранието за денеска е закажано продолжение на 60.  седница на Законодавно-правната комисија.

Комисијата треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, во второ читање (поднесен од: Дарко Каевски, Лолита Ристова, Марија Костадинова, Жаклина Лазаревска, Бисера Костадиновска Стојчевска, Даниела Колева, Драгица Ѓавочанова, Ненад Коциќ, Арбер Адеми, Вјолца Адеми, Мерита Колчи – Коџаџику, Фиснике Бектеши Шаќири, Кастриот Реџепи).

На дневен ред на седницата е и Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка, исто така во второ читање.