Македонија
20. February 2019 - 9:55

Денес и утре вистинска пролет- од петок пресврт во времето, за време на викендот останете дома!

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до 17 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. Во петок ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе има повремени слаби врнежи од снег и на некои пониски места. За време на викендот ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од севроисточен правец што ќе предизвика значително опаѓање на температурата.