Македонија
29. November 2017 - 10:54

Денес е Свети Матеј: Го славиме апостолот кој одговори на повикот на Христос

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 ноември.

Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј.

Свети Матеј претходно беше цариник, т.е. собирач на порез. Кога Христос го повика, тој веднаш одговори на повикот, сосема преобразувајќи ги страсните желби во бестрасни и љубовни.

После Христовото вознесение беше избран за дванаесетти апостол, на местото на предавникот Јуда. Откако врз апостолите слезе Светиот Дух, тие се распрснаа по светот да го проповедаат Евангелието.

На Матеј му се падна да проповеда во Партија, Мидија и Етиопија. Најпосле, пострада маченички за Христа, во Етиопија.