Македонија
13. September 2017 - 14:44

Денес е Положување на појасот на Пресвета Богородица - жените обавезно да го направат следново

Денес е Положување појас на Пресвета Богородица, а жените овој празник го минуваат во строг пост и молитва, за полесно да раѓаат, а оние кои не можат да имаат деца одат во црква или манастир посветен на Богородица ија молат за милост.
 
Велат дека со молитвата жените кои не можат да имаат деца ќе добијат, а болните ќе се излечат.
 
Празникот се празнува поради чудото што се случило кога овој појас на Пресвета Богородица. Тој ја излекувал царицата Зоја, сопругата на царот Лаф Филозоф, кој нашол место и во нашата традиција.
 
Празникот Положување појас на Пресвета Богородица или Богородичин појас се празнува во спомен на денот кога Богородица прв пат се опашала. Меѓу облеката останата од Пресвета Богородица бил и нејзиниот појас, кој бил предаван од поколение на поколение меѓу верниците. Во V век Појасот бил пренесен од Ерусалим во Цариград и бил положен во скапоцен ковчег во црквата „Св. Богородица". Во X век се случило чудо во врска со овој појас кога се излекувала царицата Зоја, сопругата на царот Лаф Филозоф. Имено, таа во сонот имала видение дека ќе оздрави од тешката болест, ако врз неа биде положен појасот на Пресвета Богородица. Тоа било и направено, појасот врз неа го положил самиот патријарх по што таа веднаш оздравела. Потоа појасот пак со многу внимание бил положен во истиот ковчег. За спомен на ова чудо во врска со оздравувањето на болната царица во X век е востановен овој празник.
 
Чесниот појас ни подари дванаесет деца
Ние сме 14-члено семејство. Јас, мојата жена Анти, и дванаесетте деца што ни ги даде  Бог. Главно и најголемо чудо на чесниот појас се нашите 12 деца.
 
Кога Анти беше бремена со првото дете, се соочи со сериозни здравствени проблеми. Дојде терминот за породување, но таа немаше породилни болки. Лекарите ни рекоа дека бебето е мртво и дека треба час поскоро да се абортира, за да не го загрози животот на мајката.
 
Но, мојата сопруга ја положи својата вера во Бога, го читаше Канонот кон Пресвета Богородица и постојано се молеше со бројаницата. На крајот, детето ни се роди живо и здраво. Но, пред тоа се случи нешто друго: една побожна жена, кога чула за нашиот проблем, дојде в црква и ми подари парче осветено на чесниот појас на Пресвета Богородица. Ми рече да ѝ пренесам на жена ми да го носи секаде со неа, и дека сѐ ќе биде добро.
 
Анти така стори, и сѐ беше во ред. Другите бремености на жена ми беа полни со искушенија, но со благодатта од чесниот појас на Пресветата сите завршија добро. Сега имаме 12 деца: шест сина и шест ќерки.