Дендиас: Придаваме особено значење на целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа
Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан, доколку се исполнат поставените услови, а за Северна Македонија придаваме особено значење на целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас по средбата во Софија со неговата бугарска колешка Екатерина Захариев, jави дописничката на МИА од Атина.
-Како столб на стабилност и соработка на Балканот, Грција отсекогаш беше топол поддржувач на политиката за проширување на ЕУ. Ја охрабруваме и поддржуваме европската перспектива на земјите од Западен Балкан, под услов да бидат исполнети одредените соодветни критериуми и условеноста. Во овој контекст и во однос на Република Северна Македонија, придаваме особено значење на целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа, рече Дендиас.
Шефот на грчката дипломатија рече дека Бугарија и Грција се „блиски партнери и сојузници“ и играат голема улога за стабилноста и развојот на регионот и вложуваат максимални напори за да придонесат во европската перспектива на соседите.
Билатералната и регионалната соработка, предизвиците со кои што се соочува ЕУ, енергетските прашања, инвестициите, како и четвртиот највисок совет на соработка меѓу двете земји што ќе се одржи во Грција, биле темите за кои разговарале Захариева и Дендиас.
Министерот за надворешни работи на Грција, ја известил неговата бугарска колешка и за „нелегалното однесување на Турција во поширокиот регион“.
Никос Дендиас денеска е во еднодневна посета на Бугарија, а освен со Екатерина Захариева беше примен и оствари средби и со бугарскиот претседател Румен Радев и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти