Дендиас по работниот појадок во Брисел: Верувам дека во одредена мерка, нешто постигнавме денеска
Подобрување на методологијата на проширувањето и потребата да се задржи европската перспектива на земјите од регионот, според шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, биле во фокусот на разговорите на министрите за надворешни работи на земјите членки на унијата и на Северна Македонија и Албанија на денешниот работен појадок организиран од Грција.
Дендиас, по неформалниот состанок оцени дека работниот појадок поминал успешно, изрази верување дека во одреден степен нешто се постигнало и истакна дека на грчката иницијатива позитивно одговориле над 20 европски министри за надворешни работи, јави дописничката на МИА од Атина.
-Корисна прва можност, по Европскиот совет во октомври, да размениме мислења за тоа како можеме да одиме напред во следниот период. Беше доставено барање за подобрување на методологијата за проширувањето и за потребата да се задржи во фокусот европската перспектива на Северна Македонија и на Албанија, но и на останатите земји од регионот, секако секогаш во рамките на усогласеноста со европското законодавство. Верувам дека во одредена мерка, нешто постигнавме денеска. Плодна и суштинска дискусија и еден чекор напред. Ќе продолжиме да работиме за да постои позитивна разврска, евентуално следниот март, кон посакуваната насока, рече Дендиас.
Шефот на грчката дипломатија додаде дека Грција е најстарата земја членка на ЕУ од регионот, дека е фактор на стабилност и соработка и „ќе продолжи да презема јасни иницијативи во оваа насока“.
За време на работниот појадок, од грчкото МНР преку официјалниот „Твитер“ профил порачаа дека „Грција активно ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан“, а Дендиас, исто така на „Твитер“, објавувајќи фотографии од разговорите, напиша дека Грција е протагонист во европската перспектива на регионот.
-На работниот појадок во Брисел со МНР на државите членки на ЕУ, Албанија и Северна Македонија. Грција протагонист во случувањата со иницијатива за европскиот тек на Западен Балкан, напиша Дендиас на неговиот официјален „Твитер“ профил.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот