Дендиас: Ќе се обидеме да го олесниме решавањето на разликите меѓу Скопје и Софија
Како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Македонија, ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервјуто за „Јуроњуз“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија во интервјуто уште еднаш ја повторува поддршката на Грција за европската перспектива на регионот.
– По Солунската агендата, Грција е цврст поддржувач на европската перспектива на Балканскиот Полуостров и секако на Западниот Балкан, а особено во конкретниот случај на Македонија и Албанија. А како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Македонија, ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики. И сигурен сум дека сите ќе го ценат тоа, вели Дендиас.
На прашањето дали Грција би презела конкретни иницијативи, шефот на грчката дипломатија одговара дека „иницијатива е многу силен збор“ и додава дека тие се пријатели со сите и се обидуваат на сите да им помогнат.
– Но, повторно треба да кажам дека треба да ја гледаме големата слика, а големата слика е иднината на Балканот во Европската унија, истакнува министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за „Јуроњуз“.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок