Дендиас денеска во посета на Скопје
Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска е во еднодневна посета на Северна Македонија, а предвидено е во Скопје да се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи, да биде примен од премиерот Димитар Ковачевски и да присуствува на работна вечера организирана од Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, јави дописничката на МИА од Атина.
-За време на посетата на министерот за надворешни работи, се очекува разговорите да се фокусираат на целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, на дополнителното зајакнување на билатералните односи во сите области, вклучително и економијата, трговијата и енергетиката, како и на европската перспектива на Северна Македонија. Дополнително, во разговорите се очекува да бидат опфатени и случувањата на Западен Балкан и Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина по руската инвазија, соопштија од грчкото МНР во пресрет на посетата на Дендиас.
Согласно агендата, по средбата со Османи, во попладневните часови ќе следат и изјави за медиумите.
Ова е трета посета на Дендиас на Северна Македонија, првата беше во ноември 2019 година, втората во август минатата година, а шефот на македонската дипломатија Бујар Османи ја посети Атина во јануари 2021.
Ново на Сител
-
Шолц најавува: Германија ќе ја има најголемата конвенционална европска војска во НАТО
-
Петков: Бугарија протерува 70 дипломати од руската Амбасада во Софија
-
Утре почнува Самитот на НАТО во Мадрид, за безбедноста задолжени над 10.000 полицајци
-
Костовски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш е против функционален судски систем
-
Автомобил заврши во Охридско Езеро | ВИДЕО
-
Со Грција ќе се воспостави електронска размена на царински информации за брз проток на граничните премини
-
Силјановска Давкова: Со Законот за работни односи не може да се регулира пензионирање на судии и јавни обвинители
-
Арачиново: По семејна расправија пукал во „мерцедес“ во кој биле неговите роднини