Ден за висoки гости на вежбата „Есенска бура-18” на АРМ и МВР
Министерите за одбрана и за внатрешни работи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, и началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор, Васко Ѓурчиновски, денеска на армискиот полигон ,,Криволак“ ќе присуствуваат на Денот за високи гости на здружената вежба за кризен менаџмент, „Есенска бура-18” на АРМ, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.
На Денот за високи гости ќе присуствуваат и директори и раководители на институциите од кризниот менаџмент и Министерството за внатрешни работи, генерали на АРМ, воени аташеа акредитирани во Република Македонија, претставници од ГШ на АРМ и МО, команданти на командите и единиците на АРМ и други гости.
Според програмата, ќе бидат демонстрирани ситуации и постапки од кризниот менаџмент кои ги реализираа припадниците на АРМ и МВР, поддржани од ДЗС и ЦУК за време на вежбата ,,Есенска бура-18”.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор