Македонија
28. September 2017 - 8:45

Ден за посетители на воената вежба „Здружена реакција-17”

Во рамките на воената вежба „Здружена реакција-17” на Армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се реализира програма за посетители.

Според програмата, припадниците на единиците на воена полиција од АРМ и армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора  и од Националните гарди на сојузните држави на САД, Вермонт и Минесота ќе изведат показна вежба „Кордон и претрага“, на која ќе ја демонстрираат својата обученост и извежбаност.

На Денот за посетители ќе присуствуваат претставници од асоцијацијата на воени аташеи акредитирани во Република Македонија, команданти на единиците на АРМ и други високи гости од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ