Македонија
14. October 2021 - 14:40

Ден пред избори во Прилеп ќе гласаат 389 болни и изнемоштени и 12 ковид-болни

Привршуваат подготовките во Општинските изборни комисии во Прилеп, Крушево, Кривогаштани и во Долнени за локалните избори во недела, на 17 октомври.

Како што информираат од Комисиите, се знае колку болни и изнемоштени и ковид-болни граѓани ќе го остварат своето право на 16 октомври, во сабота.

Во сабота во Прилеп ќе гласаат 389 болни и изнемоштени лица и 12 ковид-болни. Во крушево се пријавени и регистрирани 187 болни и изнемоштени и 5 ковид-болни, а во Кривогаштани се прифатени в сабота да гласаат 71 болно и изнемоштено лице, двајца ковид-болни, а во Долнени се 50 болни кои своето право на глас на локалните избори ќе го остварат во сабота на 16 октомври.