Македонија
9. November 2019 - 16:40

Ден по хаваријата во Охис надлежните тврдат дека нема простор за паника

Ова е базенот во кој истече токсичниот метил акрилат мономер. Излевањето се случило при перење на резервоар во кој претходно имало од оваа течност. Миризбата за која алармираа граѓаните, се проширила поради честички од метил акрилатот. 6 тони течност биле излеани во базенот. Државниот инспектор за животна средина тврди дека ниту почвата ниту водите се загадени од оваа материја, а колкаво било присуството на метил акрилат во воздухот се уште се анализира. Доцна синоќа течноста била целосно отстранета. 

Државниот инспекторат претходно бил  6 пати во контрола на фирмата Еко центар 97 а ќе направи ушете една при извоз на хемикалијата која треба да замине во Швајцарија. Ниту еднаш до сега не било констатирано незаконско работење. Дали ќе има казна ќе зависи од лабароторискиот извештај. Инспекторатот за инцидентот во Охис дознал последен.

Заменикот за животна средина го смирува населението и тврди дека состојбата е под контрола откако изврши увид заедно со директорот на фирмата Екоцентар97.

Во кругот на поранешната фабрика има големо количество на отровниот линдан, жива, пестициди и низа други токсични супстанции. Дали истите се соодветно складирани нема информации. Еко активистите сметаат дека државата не врши никаква конрола врз субјектите кои работат со овие опасни хемикалии.

За хаваријата во Охис вчера пријавија жителите на околните населени места кои се пожалија на лоша миризба која им предизвикала печење и гушење