Македонија
17. December 2018 - 16:25

Ден на жалост во Охрид по смртта на градоначалникот Стојаноски

Oхрид во жалост ,знамињата на половина копје .Со тага и болка градот достоинствено го испрати градоначалникот Јован Стојаноски до вечното почивалиште.Државниот врв министри ,претставници од политичките партии бројни делегации семсјтвото и огромен број на граѓани се збогуваа со прерано починатиот градоначалник.Изгубивме добар корентен и успешен човек замина прерано но сеќавањата за него ќе останат засекогаш Јован беше колега пијател и голем професионален како градоначалник  посветен на својат визија Охрид да биде вистинска европска културна и туристичка престолнина истакна премиерот Заев на комеморативната седница во општина Охрид.

Стојаноски веруваше дека резултатите од посветеноста и вложувањата еден ден ќе си го најдат патот до конечниот успех потенцира претсетдателот на советот на општина Охрид Ангелкоска.

Димитар скршен од болка емотивно раскажуваше за тоа како истакна дека неговиот татко ги учел да градат вредности на љубов  и почитување.

Братот на починатиот градоначалник на комеморативната седница  замоли од име на семејството кога ќе биде изграден кејот да го носи неговото име бидејќи тоа бил последниот проект на кој што работел градоначалникот Јован Стојаноски.