Loading Video...
Свет
26. July 2021 - 12:28
Ден на жалост во Косово за жртвите во вчерашната автобуска несреќа во Хрватска
На Косово денеска е ден на жалост во чест на жртвите во вчерашната автобуска несреќа во Хрватска. Претседателката Вјоса Османи ја прекина службената посетата на Јапонија поради трагичниот настан и се врати во Приштина. Во несреќата кај Славонски Брод загинаа 10 луѓе – 9 патници и еден од двајцата возачи, додека 44 патници се повредени, од кои 8 се во сериозна состојба.
Причините за слетување на косовскиот автобус од патот се испитуваат. Автобусот со косовски државјани сообраќал на релација Франкфурт – Приштина.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
-->
-->