Loading Video...
Балкан
26. July 2021 - 16:31

Ден на жалост во Косово, на возачот на автобусот му се закануваат 15 години затвор

На Косово денеска е ден на жалост во чест на жртвите од вчерашната автобуска несреќа во Хрватска.

Поради трагичниот настан, Претседателката Вјоса Османи ја прекина службената посетата на Јапонија и се врати во Приштина.

Во несреќата кај Славонски Брод загинаа 10 луѓе а  44 се повредени. Причините за слетување на косовскиот автобус од патот се испитуваат, возачот е уаспен. Осомничен е дека предизвикал сообраќајна несреќа, за што максималната казна изнесува до 15 години затвор.  

Автобусот со косовски државјани сообраќал на релација Франкфурт – Приштина.