Loading Video...
Свет
28. July 2019 - 19:37

Ден на руската морнарица

Во Санкт Петербург се одржа главната парада на воени бродови во чест на Денот на Воената морнарица на Русија. Претседателот Путин изјавил дека Русија планира да изгради единствена флота.

Хероизмот на морнарите, талентот на морнаиричкиот командант и бродоградителот, смелоста на научниците и храброста на пионирите донесоа голема слава на руската морнарица. Ќе изградиме флота единствена по своите можности, конструирана да трае долго, флота на силна и суверена држава.

Во манифестацијата беа ангажирани околу 4.000 војници, 43 бродови и 41 хеликоптер и авион, кои ја претставуваа Северната, Балтичката, Црноморската, Тихоокеанската и Касписката флота.