Македонија
8. April 2021 - 20:01

Ден на Ромите: Голем број деца „учат“ на улица наместо во училница, дали државата се грижи?

Без соодветно образование останаа голем број ромчиња за време на пандемијата. И натаму најзасегната заедница во однос на образованието е ромската бидејќи пред се немаат елементарни услови за живот. Дополнителен проблем е институционалната негрижа па се повеќе деца роми питачат по улиците. На меѓународниот ден на Ромите, директорот на Ромскиот едукативен Фонд апелира државата да го стави фокусот на образованието бидејќи е клучно и од него зависи прогресот во сите други области.

Во основното образование се вклучени околу 10 000 ученици, во средно 2000 а во секоја академска година се запишувале по близу 300 студенти, но досега завршиле 600.Од фондот во кој учествуваат `16 земји од Југоситчна Еврпа, лани со менторство и туторство биле опфатени 5000 ученици.

Македонија до пред неколку години била лидер во спроведувањето на програмите за развој на ромите што не е случај и денес. Според Чупи за државата  сега други теми биле приоритет како децата без матична евиденција. Во чест на одбележувањето на 8 Април-Меѓународниот ден  на Ромите, пред зградата на Владата  е подигнато знамето на ромскиот народ.