Loading Video...
Македонија
22. April 2021 - 16:33

Ден на планетата Земја - се рестартира програмата GLOBE

Денот на планетата земја беше повод за рестартирање на програмата ГЛОУБ (GLOBE) за животна средина и едукација во земјава. Со заедничка обука за професори од Македонија, Хрватска и Словенија беше одбележан роденденот на планетата земја. Програмата поттикнува грижа за природата и животната средина, ги учи младите како да се грижат и подобрат животната средина а сетоа тоа го истражуваат заедно со своите наставници по што резултатите ги прикачуваат на единствениот сервер во САД преку кој соработуваат со своите врсници од светот.Со новиот концеп за учениците од прво одделение веќе се вметнати елементи од програмата.

Училиштата кои сакаат да аплицираат треба да обезбедат посебно катче, најмалку еден обучен професор, наставник кој ќе ги внесува податоците на страницата, основен кит на хемикалии и инструменти. Учениците ќе истражуваа во природа, ќе мерат, ќе експериментираат и осознаваат за растенијата, почвата, воздухот, водите и климата.

Дана Вотапкова од Глоуб регионалната канцеларија за Европа и Еуроазија „С.Македонија беше една од првите земји коишто се вклучија во Глоуб програмата во 1998 година и стана многу важен конструктивен член на семејството. Исходот резултираше со многу плодни активности“ рече Вотапкова.

Обуката е организирана во соработка со американската амбасада, а глобе програмата е спонзорирана од НАСА.

Во  Македонија GLOBE програмата се имплементира од 1998 година, се уште активни се 13 средни, 16 основни училишта и една градинка. До сега учествувале на повеќе натпревари и освоиле висок пласман а резултатите се користени и во други проекти од програмата ЕРАЗМУС ПЛУС.