Македонија
9. February 2017 - 8:34

Ден на основачи во Фондот за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој денеска организира Ден на основачи (Founders Day) на кој ќе бидат претставени успешни бизнис приказни на три македонски стартапи, поддржани од Фондот. 

Претставници на стартапите „Гордиан Системи“, „ВапоурАппс“  и „Кликон“ во Контакт канцеларијата на Фондот ќе одговораат на прашања за стартување стартап компанија, обезбедување финансии и за водењето бизнис во Македонија.

Од Фондот за иновации информираат дека ќе се одговара на прашања како се почнува и води бизнис во Македонија, како и каде да се бара финансирање на идеја за бизнис и како да се реализира. 

Ќе бидат понудени и иноформации како  да се подготви проект за отворениот јавен повик за финансирање на  Фондот за иновации и технолошки развој.

Настанот е составен дел од Европската стартап недела, кон која се приклучи Скопје, заедно со уште 220 градови од 40 држави.