Бизнис
12. July 2016 - 8:31

Ден на одгледувачите на овци Маврово - Ростуше 2016

Во организација на Регионалното здружение на одгледувачи на овци од Западна Македонија, викендов во Маврово ќе се одржи 11. Ден на одгледувачите на овци Маврово -  Ростуше  2016.

Манифестацијата закажана за сабота, 16 јули, е под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а поддржувачи се Националниот парк Маврово и Општината Маврово - Ростуше.

И оваа година ќе се избираат најдобри производители на традиционално овчо сирење, ќе има натпревари во стрижење и молзење овци, борба на пеливани, како и изложби на овци и на кучиња од расата македонски овчарски пес „шарпланинец“. Предвидена е и богата културно-уметничка програма.

Манифестацијата ќе заврши со заедничка овчарска закуска.