Бизнис
16. July 2016 - 9:06

Ден на одгледувачите на овци „Маврово - Ростуше 2016“

Натпревари во стрижење и молзење овци, избор на најдобар овен и најдобро традиционално бело овчо сирење, презентација на производи од волна, изложба на шарпланинци, ..., се само дел од предвидените активности на 11. Ден на одгледувачите на овци „Маврово - Ростуше 2016“ што ќе се одржи денеска  во ски-центарот Маврово.

Организатор е Регионалното здружение на одгледувачи на овци од Западна Македонија, а покровител Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое за оваа намена обезбеди 300.000 денари.

На манифестацијата ќе има закуска за 200 лица. Покрај најразличните традиционални производи, ќе може да се проба и т.н. овчарски грав. 

Овчарските денови неофицијално почнаа вчера попладне, со дегустација на бели овчи сирења.