Македонија
4. December 2016 - 15:43

Ден Дончев на средби со граѓани од општина Карпош

Носителот на кандидатската листа за пратеници од Коалицијата „ВМРО за Македонија“ во Првата изборна единица Ден Дончев денеска имаше повеќе средби со граѓани од општина Карпош.

Тој оствари средби и со посетителите на Водно, а пред Специјалното јавно обвинителство побара да се истражи случајот со апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.

- Бараме СЈО да го истражи случајот на апсењето и судскиот процес на Љубе Бошкоски, изјави Дончев.

Според него, политичката криза не може да заврши се додека СЈО не ја заврши својата работа согласно Пржинскиот договор.