Свет
3. November 2019 - 8:20

Демонстрантите во Хонг Конг ја демолираа зградата на кинеската новинска агенција Синхуа, запалија оган во холот

Антивладините демонстранти по првпат ја нападнаа хонгконшката канцеларија на кинеската официјална новинска агенција Синхуа откако во центарот на градот изби хаос, а полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстраните, од кои некои претходно ја гаѓаа полицијата со молотови коктели.

На мета на демонстрантите за првпат во текот на повеќемесечните протести се најде зградата на редакцијата на Синхуа во Хонг Конг, каде демонстрантите ги искришија вратите и прозорците., пренесе АП.

Тие запалија оган и на ѕидот напишаа графит “Депортирајте ги кинеските комунисти“.

Локалните медиуми објавија снимки на кои се гледа оган во холот на редакцијата Синхуа во Хонг Конг, графити на ѕидовите и искршени прозорци. Не е познато дали во зградата имало луѓе.

На мета на демонстрантие се најдоа и кинеските банки и деловни објекти.

Судирина демонстранти и полиција имаше на повеќе локалции во Хонг Конг, а овој 22. протест прерасна во насилство откако демонстрантите започнаа да палат барикади на улиците, метро станиците и продавниците.