Демонстрантите палеа фотографии на Иванов ја офарбаа Народната канцеларија и Министерството за правда | Сител Телевизија
Македонија
26. April 2016 - 23:07

Демонстрантите палеа фотографии на Иванов ја офарбаа Народната канцеларија и Министерството за правда

Демонстрантите организирани од СДСМ, СОРОС И БЕСА повторно удрија по Министерството за правда и Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов.Овојпат демолирање немаше, но беше офарбана фасадата на министерството и надворешните стакла од претседателската канцеларија.

Покрај фрлањето на балони со боја, пред канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов демонстрантите запалија и негови фотографии.

Протестот и денеска почна пред зградата на СЈО, а продолжи пред Собранието. Повторно беше побарано одложување на изборите закажани за 5 јуни, укинување на одлуката за аболиција од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов и негова оставка. Преку плоштадот Македонија, демонстрантите се упатија кон Владата, каде што заврши протестот.