Демонстрантите на СДСМ ја блокираа Итната помош, животот на пациентот доведен во прашање
Животот на еден пациент беше доведен во прашање откако возило на Итната помош денеска беше блокирано при протестите на таканaречената „Шарена револуција“.
Возило на Итната брза помош денеска беше блокирано на раскрсницата кај мостот Гоце Делчев. Како што дознаваме, се работело за пациент на кого му била потребна итна медицинска помош.
Според информациите од терен, возачот на возилото гласно викал за да го пуштат, при што морал да заобиколува за да ја помине блокадата. Овој денешен случај е само последен во серијата инциденти предизвикани од опозициската “шарена револуција“ која протестира веќе подолг период.
Иако блокадите беа најавени како масовни, сепак и денеска опструирањето на сообраќајот беше извршено со паркирање на неколку автомобили на клучните мостови и повторно сосема незначителен број на демонстранти.
Новата тактика е резултат на се помалата излезност и поддршката од граѓаните која изостанува по двомесечното изживување. Немањето капацитет сега се обидуваат да го камуфлираат со правење метеж и нервоза во текот на денот, при што каков што беше случајот денеска, животот на пациент беше доведен во прашање.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња