Свет
22. May 2016 - 13:40

Демонстрации во Чиле против претседателот Мишел Бачелет и лошата економска состојба

 Жестоки и насилнички демонстрации избувнаа во Валпараизо, за време на одржувањето на Конгресот на Чиле, кој на посебна сесија се состана во овој чилеански град.

На сесијата за состојбите во земјата зборуваше претседателот Мишел Бачелет.

Демонстрантите подигнале барикади и фрлале запаливи бомби, додека полицијата употребила солзавец, гумени куршуми и водени топови.

Полицијата соопшти дека едно лице загинало, од задушување, откако еден маскиран демонстрант подметнал пожар во една аптека и супермаркет.

Чилеанците се гневни на Владата и на претседателката поради забрзаниот пад на домашната економија, обвинувјќи ја Владата за корупција.

Демонистрантите посебно се гневна на претседателката за корупцискиот скандал, во кој се тврди се вклуечени и членови на нејзното семејство.

Пожарите низ Валпараизо траеле со часови, додека пожарникарските екипи не успеале да ги смират огновите низ градот.

Мишел Бачелет е лидер на чилеанската левица, а по втор пат беше избрана за претседтел на државата во 2013 година.

Таа тогаш ветуваше намалување на социјалните разлики, бесплатно образованине за сите и темелни реформи. Наместо напредок, Чиле забрзано влегува во подлабока економска криза.