Македонија
18. October 2021 - 11:33

Демократски сојуз: Изборите се одржаа во фер и демократска атмосфера

Демократскиот сојуз оценува дека локалните избори за совети на општините и градоначалници во првиот круг се одржаа во услови на фер и демократска атмосфера што им овозможи на граѓаните слободно да ја изразат својата политичка волја. И покрај тоа што новиот систем на гласање со отпечаток од прст создаде одредени проблеми односно го забави процесот на изјаснување на граѓаните сепак на крајот може да се оцени дека придонесе за заштита на изборниот процес и брана од фалсификати и манипулации со гласањето што беше присутно во некои од минатите изборни процеси.

На сите избрани градоначалници во првиот круг им го честитаме изборот и им посакуваме успех во работата на натамошен развој на општините. Очекуваме кампањата за вториот круг за избор на градоначалници да се одвива во натпреварувачки дух и фер и демократски амбиент.

Демократски сојуз