Демократите ќе ги истражуваат личните врски на Трамп со Ријад и Москва
Демократите ќе ги истражуваат личните финансиски врски на американскиот претседател Доналд Трамп со Саудиска Арабија Арабија и Русија, изјави Адам Шиф, идниот Претседател на Комитетот за разузнавање на Долниот дом на Конгресот. Демократите, по изборите во ноември кога ја презедоа контролата во Долниот дом, на новите функции ќе стапат во јануари.
Шиф смета дека Трамп не е искрен кога вели дека во извештајот на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) нема доволно докази за да се обвини саудискиот принц Мухамед бин Салман за убиство на новинарот Џамал Кашоги.
– Што го мотивира да се однесува така? Не знам. Без разлика дали станува збор за привлекување автократи … или за финансиска мотивација и станува збор за неговите лични финансии, праша Адам Шиф.
Трамп во четвртокот рече дека извештајот на ЦИА не е ни близу до заклучок.
Шиф појасни дека ќе изврши увид во финансиските врски на Трамп со Саудиска Арабија, како и во неговиот „личен интерес“ да ја обликува американската политика кон таа држава.
Според него, Трам на „деспотите им испраќа порака дека ќе им го чува грбот“ доколку соработуваат со него.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух