Балкан
20. April 2016 - 20:23

Демирташ: 500.000 луѓе принудени да ги напуштат домовите поради судирите во Југоисточна Турција

Половина милион луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради судирите меѓу турските сили за безбедност и курдските бунтовници, изјави лидерот на главната прокурдска партија во Турција Селјахатин Демирташ, јави ДПА.

Демирташ, од Демократската партија на народите беше остро критичен кон владата на Партијата на правдата и развојот (АКП), поради последниот бран насилства.

Според него, „поради политиката на АКП, младите луѓе избираат да заминат во планина“, имајќи го предвид присоединувањето кон забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Според него, околу 1.000 млади луѓе се присоединиле во последно време кон ПКК. 

Конфликтот меѓу ПКК и Анкара беше обновен од јули по крајот на примирјето, што траеше повеќе од две години.