-->
-->
Демикелис казнет поради обложување
-->
Фудбалерот на Манчестер Сити Мартин Демикелис е казнет со 22.058 фунти поради обложување и предупреден е на неговото однесување откако го прифати обвинението од Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА), објави Би-Би-Си (BBC).
Играчот на „граѓаните“ е предупреден дека го прекршил правилото на ФА во однос на 29 облози на фудбалски натпревари во периодот 22 јануари до 15 февруари.
Според правилата кои се на сила од сезоната 2014/2015 фудбалерите и тренерите не смеат да се обложуваат на било кои фудбалски случувања ширум светот.
ФА може да одреди казни или суспензии за секој кој ќе ги прекрши овие правила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени