Балкан
6. јуни 2020 - 14:20

Делумно ставен под контрола шумскиот пожар на грчкиот остров Закинтос

Големиот шумски пожар што изби доцна синоќа на грчкиот остров Закинтос, според локалните медиуми, делумно е ставен под контрола, а противпожарните сили и утрово, со хеликоптери и возила се справуваа со огнените јазици.

Пожарот избил синоќа, околу 23 часот меѓу две планински села, а поради силниот ветер, брзо се проширил.

Веднаш биле подготвени автобуси и хотел, доколку биде потребно да се евакуира локалното население.

Од рано утрово, како што соопштуваат од грчката противпожарна служба, биле зајакнати единиците на островот со хеликоптер и дополнителни возила и пожарникари, а помагаат и цистерни од општината.