Свет
19. December 2017 - 11:34

Делумно совладан големиот пожар во Калифорнија

Пожарникарите во американската сојузна држава Калифорнија постепено го совладуваат големиот шумски пожар, кој во изминативе две недели гори во планините северно од Лос Анџелес.

Противпожарната служба во округот Вентура соопшти дека пожарот е совладан на 50 проценти. 

Пожарникарите имале „помош“ и од намалувањето на брзината на ветрот, состојба која според метеоролозите ќе трае два дена.

Од разгорувањето на 4 декември, пожарот „Томас“ опустоши површина околу 1.000 квадратни километри, уништи 1.032 објекти и предизвика масовна евакуација.

Во битката со „Томас“, кој е третиот најголем пожар во историјата на Калифорнија, загина еден пожарникар.