Делумна забрана за движење во шумите поради опасност од пожари
Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари од задутре до 15 следниот месец се воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Одлуката на ресорното Министерство не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се националните паркови, парк шумите, шуми со специјална намена споменици на природата и слично. Одлуката, исто така, не важи и за организирана група туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови и парк шумите. Туристичката тура, се посочува, ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонски шуми“, националните паркови и парк шумите.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот