Бизнис
24. March 2017 - 14:22

Деловна средба меѓу компаниите од кичевскиот и велешкиот регион

Деловна средба меѓу компаниите од кичевскиот и велешкиот регион со цел зголемување на соработката денеска се одржа во Кичево, во организација на регионалните комори при Стопанската комора на Македонија.

На средбата присуствуваа компании од бизнис-секторот од двата региона, како и претставници од општините Велес и Кичево. Целта според организаторите беше да се разгледаат можностите за интензивирање на соработката на регионалните комори и општините, како и можностите за поддршка на бизнис-секторот и инфраструктурно поврзување. 

- Со денешната средба ќе ја интензивираме меѓусебната соработка на двете регионални комори, при што претставниците од двете комори ќе имаат можност меѓусебно да се запознаат и да разменат искуство, рече претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево Игор Соколески. 

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес Георги Чадиев рече дека деловната соработка ќе придонесе за развојот на двата региони. 

Во име на општина Кичево зборуваше претставникот Рамиз Реџепи, кој истакна дека општината била и ќе остане мост за поврзување на стопанските комори за што подобра соработка меѓу нив.