Македонија
29. March 2018 - 10:43

Делови од Сопиште, Аеродром, Центар и Чаир утре без струја

Од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „12“ во село Горно Соње, општина Сопиште. 

Во периодот од 8 до 9:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ бр. 12, а од 8:30 до 10 часот корисниците од улицата „Ленинградска“, високите броеви кај поликлиниката на МВР. 

Без електрична енергија од 8:30 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Македонско-косовска бригада“ и приватната трафостаница ТС „Идадија Инженеринг“ во општина Чаир. 

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа.