Живот
8. January 2023 - 13:09

Делови од сателит на НАСА би можеле да паднат на Земјата

Делови од сателит на Американската вселенска агенција (НАСА), стар 38 години, викендот ќе падне на Земјата, соопшти НАСА.

Поголемиот број делови од сателитот тежок 2.440 килограми ќе согорат во атмосферата, но се претпоставува дека некои делови, сепак, ќе паднат на Земјата.

Според НАСА, веројатноста некој да биде повреден при пад на деловите од сателитот се „еден на 9.400“.

Според „Аероспејс“, делови од сателитот ќе паднат утре долж линијата што минува низ Африка, Азија, Блиски Исток и најзападните области на Северна и Јужна Америка.