Македонија
24. May 2016 - 18:44

Делови од Сарај, Шуто Оризари, Карпош, Бутел и Кисела Вода утре без струја

Без електрична енергија утре од 09.30 до 15 часот ќе останат корисниците од село Долна Арнакија во општина Сарај, како и дел од корисниците од улиците „Дринска“, „Виничка“, „Вашингтонска“ и „Нов живот“ во општина Шуто Оризари. 

РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД соопшти дека утре без електрична енергија од 09:30 до 11 часот ќе останат корисниците од ул. „Франц Прешерн“ во општина Карпош, од 10 до 11:30 часот корисниците од ул. „Александар Урдаревски“ ББ- м.в. Езеро во општина Бутел, а од 9 до 12 часот, дел од корисниците од ул. „Мариовска“ и ул. „3“ во општина Кисела Вода.