Македонија
21. July 2017 - 18:56

Делови од општина Центар утре без вода

Корисниците од адвокатската улица, Македонскиот народен театар и од Министерството за надворешни работи утре од 8:30 часот ќе останат без вода.

Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводни мрежи на улицата „Филип Втори Македониски“ без број.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.