Македонија
3. August 2017 - 9:47

Делови од Македонија во портокалова фаза

Северновардарскиот и охридско-преспанскиот регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а  дневната од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната 40 степени.

УХМР информира дека продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. 

Особено топло ќе биде во деновите од викендот, кога максималната температура во најтоплите региони ќе достигне до 42 степена. УВ индексот ќе биде многу висок, со вредност 9.