Македонија
30. јуни 2016 - 11:24

Делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба утре без струја

Од 9 до 11 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Рилски Конгрес“ бр.59 и бр.61, дел од корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода и дел од корисниците од село Бардовци. 

Во периодот од 11 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Боривое Милошевски“ во општина Гази Баба.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.