Македонија
27. February 2019 - 11:17

Делови од Кисела Вода, Карпош и Центар утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Михаили Ефтихиј“ и „Димо Хаџи Димов“, како и од улиците „Георги Димитров“ и „Мариовска“ во делот кај Домот на слепи во Општина Кисела Вода утре од 9:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 12:00 часот без струјаќе бидат и дел од корисниците од улиците „Букурешка“, „Прашка“ од број 26 до број 40, како и од „Париска“ од број 1 до број 11 во Општина Карпош, од 11:00 до 14:30 часот корисниците од дел од улицата „Славка Динкова“ во Општина Кисела Вода, а од 12:30 до 15:00 часот дел од корисниците од улиците „Ацо Караманов“, „Тодор Александров“, „Загребска“, „Бигла“ и соседните улички, како и основното училиште „Кочо Рацин“ во Општина Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето  планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна наекипи на „ЕВН Македонија“ АД.