Македонија
20. March 2019 - 18:23

Делови од Кисела Вода и Центар утре без вода

Без водоснабдување утре од 10 часот ќе биде хотелот „Парк“ и корисниците во околината на Градскиот парк и стадионот „Филип Втори“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-РЦУК.

Прекинот ќе биде поради поврзување нова водоводна мрежа на улицата „Аминта Трети“. Корисниците ќе бидат без вода сè до завршување на интервенцијата.

Прекинато водоснабдување утре од 8.30 часот ќе имаат и корисниците од улицата „Мариовска“ во Кисела Вода поради отстранување дефект на затворач на таа улица. Жителите ќе бидат без вода  до завршување на зафатот.